Необичното хоби на Баже од „Исцелител“
Интересно хоби има актерот Благој Веселинов, ѕвездата на филмот „Исцелител“, кој вечерва ќе ја има својата ТВ премиера, од 21.30 на МТВ 1.
Пред да ни дојде на гости во Еден на Еден лани пред Нова година со колегата Дејан Лилиќ, Баже ни раскажа за за своето хоби. Едно од највредните нешта во неговиот стан во Карпош 4 е гранфонолата, уред сличен на грамофонот.
„Графонолата работи на посебни плочи, кои не се исти како грамофонскте. Ги нарачувам на интернет, ги купувам ако ги начекам на некое патување. Слушам различна музика на неа, имам колекција на африканска музика“, ни рече Баже додека се подготвувавме за емисијата.
Најголемата гордост на Баже, а и наша е неговата награда Shooting Star, кој да доби лани на БЕРЛИНАЛЕ.
„ Сакаа да ми ја дадат наградата но им направив мал проблем. Кога ја добив, имав 33 години, а границата за добивање на наградата е до 32 години. Поради мене ја поместија границата до 35 години, и откако ја добив, ја вратија на 32“, ни раскажа актерот. Уживајте во Тв премиерата на „Исцелител“, а пред тоа погледнете ја приказната од студентските денови која Баже и Маријан Ѓорѓиевски му ја раскажаа на Жаре.