Нов вирус ја тресе Македонија
Нов и досега непознат вирус ги тресе вторите ешалони во јавна администрација – со гостинот др. Паника разговараме за деталите. Повеќе и за проектот „Од град во село“ – граѓаните назад во опинци, а каква иднина ја очекува нашата младина ќе дознаете во екслузивното пророштво. Тука се и редовните рубрики „Фенг шуи за народот“ и временската прогноза со чичко Симе Временски.
Ова и многу повеќе ве очекува во новата епизода на „Фчерашни новости“.
Третата епизода ќе може да ја погледнете оваа недела од 19.10 часот на телевизија „Телма“.
Дотогаш сите скечеви од првата и од втората епизода, како и фотографии и видеа од зад сцената и од снимањата, може да ги најдете на официјалните канали на „Фчерашни новости“ на :
Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w
Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/
Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/
„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.
Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно се прикажува секоја недела на „Телма“, а се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици.