Новото реално шоу „Болнички Survivor“
„Болнички Survivor“ е новото реално шоу кое се снима во Македонија. Екипата на „Фчерашни новости“ ексклузивно присуствуваше на снимањето на почетокот на хит-шоуто, во кое шест кандидати ќе се борат да ја освојат главната награда. Сѐ што треба да направат е да го преживеат македонското здравство цели три месеци.
Покрај овој ексклузивитет, во неделата од 20 часот на Телма, „Фчерашни новости“открија и:
-
- Што подготвува владата во сенка?
- Анализа: Има ли фалсификувани лекови во Македонија?
- Која е серијата што ќе ја стави Македонија на мапата на Холивуд?
Епизодата 12 на „Фчерашни новости“ веќе се крчка. Дотогаш, следете ги новостите за екипата на нивните официјални страници на Фејсбук и Инстаграм.