Обраќањата на Жаре од СП 2010
Знаеме дека доста ви се допадна видеото за легендите Калински и Панчев (искрено, пукаме од мака што и Дарко не го пратија во Рио и никако не можеме да си објасниме зошто е тоа така?!), па решивме да ве потсетиме и на тоа што се случуваше пред 4 години на тогашното светско првенство во Јужна Африка…
За топлото, вувузелите и Лејди Гага –
За Кристијано Роналдо, Маја Даниелс (оооо колку беше па таа досадна… За тие што не се сеќавате, таа беше една спикерка која читаше вести на МТВ и се појавуваше како некаков си “фудбалски експерт” на сите емисии на полувреме, пред и после натпревар) и Лери Кинг –