Од кај Џими Кимел, право кај нас во Еден на Еден

Ретко кога гледаме светски ѕвезди во македонски емисии, но само една недела по гостувањето во шоуто на Џими Кимел, светските RnB легенди и добитници на Греми награда, Blackstreet седнаа на нашиот двосед. Групата ќе се шегува за тоа како настанала нивната најпозната песна, No Diggity со Dr.Dre, па дури ќе речат дека нашиот Александар Сариевски бил инспирација!

bobo

Гостин ни беше и популарниот Бобо од Бугарија, најпознат по мега хитот Дим да ме њама, кој по најавата се гледа дека има одлична смисла за хумор. Цреша на шлагот ќе биде и новото јавување на Спасе кај Жарко Коцкица.

Погледнете ја најавата, гледајте Еден на Еден оваа сабота во 22.30ч на Алфа тв.