Oд Карнеги хол и Операта во Сиднеј, преку грчки крчми и свадби на руски тајкуни до Еден на Еден!
Сум свирел од Карнеги хол и Операта во Сиднеј до грчки крчми и свадби на руски тајкуни, вели легендарниот Горан Бреговиќ во новата епизода на шоуто „Еден на Еден“.
-Ретко кој музичар имал среќа како мене – додава Брега.
Во едночасовното интервју со Жарко Димитриоски, светскиот музичар разговара за неговата музика, патувањата, животот пред и после војната, неговите почетоци во работата во југословенски стриптиз бар.
– На 17 имав видено повеќе голи жени отколку сите мои врсници заедно – се шегува тој.
Брега зборува и за семејството, љубовта кон боксот, животот, музиката…
Како специјално изненадување за Бреговиќ, екипата на „Еден на Еден“ ги доведе и маестралните Агушеви, како и Васка Јанковска, која беше одбрана помеѓу 200 кандидати да ја испее „Едерлези“ во филмот „Dom za vesanje“ на Кустурица.
Сѐ на сѐ, во недела нѐ очекува одлична вечер со единствениот Брега. Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 часот на „Канал 5 телевизија“.