Oдговor на вечното прашање „Што сакаат жените?“

Во поголемиот дел на категориите на производи, 90 отсто од одлуките за купување ги носат жените. Без разлика кој е купувач, нивниот совет или вето е пресуден во донесувањето на одлуката. Дури 61 отсто од приватните пари во САД се во рацете на жените, а приматот го превзеле и во индустриите кои и денес се перципираат како исклучиво машки. Пример, дури 47 отсто од „гејмерите“ се всушност „гејмерки“. Па, сепак, комуникациската стратегија на повеќето индустриии и понатаму не се прилагодува на нивните интереси, а оние кои се обиделе, често неславно пропаднале.

Токму овие нови предизвици со кои маркетинг-струката се соочува поради се поголемата доминација на жените во потрошувачкиот сегмент, се темата на предавањето „Како да се задоволат жените?“ на Иван Станковиќ, основачот и претседател на регионалната агенција „Communis“ од Белград.

– Факт е дека во 90 од 100-те водечки рекламни агенции во Америја, креативните директори се мажи. А, мажите баш и не ги разбираат жените, што често носи до несоодветна (непристојна) комуникација, која жените ја отфрлаат – смета Станковиќ, кој ќе го претстави својот комуникациски концепт 5Е за полесно допирање до женската публика и одговор на вечното прашање: „Што сакаат жените?“.

 

Предавањето „Како да се задоволат жените?“ е само дел од огромната понуда на овогодинешниот 10. по ред Weekend Media Festival, кој ќе се одржува од 21 до 24 септември во просториите на старата фабрика за цигари во Ровињ, под генерално покровителство на Адрис групацијата. Најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа досега угостил скоро 45.000 учесници, 1.000 говорници, 35.000 медиски, маркетиншки и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион.