Одлична Еден на Еден епизода со Миа и Милена
Во вчерашната епизода на „Еден на Еден“, Миа Костова отворено зборуваше за корекциите на телото, боткоксот, филерите, нејзините нови гради, самата операција, процесот, големината…
– Ако Цеца има петка, Карлеуша пет и пол, јас сум слаба четврока – ги опиша таа своите нови гради.
Покрај ова, Костова зборуваше за синот Андрија, „Бекстејџ“, инфлуенсерите, социјалните медиуми…
Во една исклучително позитивна епизода на најгледаното ток-шоу, на каучот кај Жаре, на Миа друштво ѝ правеше колешката Милена Антовска Станковска, која зборуваше за новиот проект „Сподели проблем со
Милена“ и што сѐ ги мачи македонските граѓани.
Сите оние што ја пропуштија новата епизода, може да ја погледнат на „Јутјуб“:
Следната епизода е во недела од 18:30 часот на Канал 5, кога во студиото гостува актерот и водител Тарик Филиповиќ.