Олимпијадата на Твитер и ФБ
Олимпијадата во Сочи веќе заврши и се помина во најдобар ред. Единствена видна забелешка е онаа за петтиот круг кој не се отвори.
За се друго не можеме да знаеме бидејќи не бевме таму.
Овој текст сепак е за друга тема. Колку олимпијадата беше споменувана на социјалните мрежи? Десетици милиони твитови и Фејсбук постови за повеќе од две недели беа споделени на социјалните мрежи:
Поточно гледано вака стојат работите:
40 милиони твитови беа напишани за време на олимпијада
120 милиони постови на ФБ од 45 милиони корисници
Што се однесува до најтвитани настани:
1. Победата на САД над Русија во хокеј, убделиво прво место со 72,630 твитови по минута
2. Победата на Канада над САД во хокеј полуфиналето 47,600 твитови по минута
3. 45,750 твитови за кога Јапонецот Ханју освои златен медал во уметничко лизгање
И на ФБ и Твитер убедливо најспоменуван спорт е хокејот.
На Твитер се пишувало најмногу и за: карлинг и сноуборд, додека на ФБ за уметничко лизгање, санакање и боб