Кој рано рани….

Веќе погодувате, две среќи граби.
Некои нарoдни мудрости се вонвременски. Научно е докажано дека луѓето кои стануваат рано многу полесно се справуваат со стресни ситуации и се многу посреќни во животот, за разлика од оние кои спијат подоцна. Главната причина е тоа што луѓето кои стaнуваат покасно всушност имаат поразличен часовник од оној што е прифатен како норма на однесување и нормално, таквите луѓе многу потешко се справуваат со ситуациите кои денот може да ги донесе.
Поради сето ова решивме да ви дадеме неколку совети со цел да се будите порано и да бидете свежи за работниот ден кој ве очекува:

1. Помалку кофеин:
– Некои велат дека кога им се спие ништо не им влијае, но според оваа препорака добро е барем шест часа пред спиење да не внесувате кофеин

2. Помалку технологија:
– Просто речено, вашата соба треба да се користи за секс и спиење. Без телевизори, лаптопи и слични други технолошки гаџети. Нека знае организмот дека кога ќе одите во спалната ве очекува релаксација

3. Разбудете се со светлина:
– Спијте со отворени завеси, гледајте да има светлина кога ќе се разбудите. Тоа ќе ви помогне полесно да станете и да бидете посвежи

4. Без СНУЗ:
– Да, тоа е она копче кое ќе ви даде неколку минути дополнителен сон. Реално немате никаков ефект од ова. Напротив ќе бидете пораздразлив кога конечно ќе станете

5. Аларм што не сакате да го искршите:
– Сигурно сте се нашле во ситуација кога на некој телефонот му ѕвони како вашиот аларм. Ви доаѓа да му го искршите телефонот. Епа ставете музика која нема да ве нервира кога треба да станете, така ќе ви биде многу подобро

Сега да видиме кои луѓе од светот на бизнисот стануваат рано:

1. Риџард Брансон – една од најмаркатните фигури од светот на бизнисот. Станува секој ден во 05.45 часот и денот го започнува со вежбање. Секогаш спие со отворени завеси. Со оглед на тоа дека живее на приватен остров има на што да се радува кога ќе стане од спиење

01

2. Дан Акерсон – директор на Џенерал Моторс. Ретко кога спие после 04.30, мора да се чуе со луѓето од Азија бидејќи подоцна нема да има никој во нивните канцеларии

02

3. Тим Кук – наследникот на Стив Џобс, кралот за логистика во време кога Џобс беше алфа и омега во Епл. Станува во 05.00 часот, вежба оди на работа прв и си оди последен. Злобниците ќе кажат дека мора да го прави тоа бидејќи многу тешко ги пополнува чизмите на покојниот Стив Џобс.

03

4. Хауард Шулц – легендарниот директор на Старбакс. Секое утро вози велосипед и на работа е во 06.00 часот

04

Овие луѓе имаат исклучително стресни работи. Без дилема вежбањето е најголем потрошувач на стрес. Веруваме дека ова темпо на станување и вежбање рано наутро едноставно мора да го практикуваат со цел да бидат успешни во тоа што го работат.