Останати македонски кандидати за Нобелова награда!!
Кога можат Ципрас и Заев да бидат номинирани за нобелова награда за мир, зошто да не можат и останатите македонци?
Направивме листа на останати македонци кои што се подеднакво заслужни за нобелова номинација колку Заев и Ципрас и ја направивме следнава листа на македонски генијалци:
Нобелова награда за поезија/литература:
Сузана Турунџиева за нејзините мисли од типот на “PODOBRO DA IMAS NOBELOVA NAGRADA OD KOLKU DA IMAS NOBELOVA NA GRADA”
Луѓето што во “Се или нешто” римуваат “Лила” со “Мила”, “Сила” и “Свила”
Нобелова награда за физика:
Иван Исцелител кој ги скрши сите закони на физиката кога тотално без никаква помош успеа да направи ова шише да левитира!
Натпреварувачите во квизот на Драган Вучиќ. Сите се научник до научник…
Нобелова награда за хемија:
Типот во друштвото што за еден месец од обичен тип се претвори во Шварценегер и упорно те убедува “Samo trud i rabota brat4e, nema tuka nikakvi hemii”
Нобелова награда за економија:
Луѓето што продаваат гаќи 3 за 100 на пазарче
Луѓето што НЕ продаваат петарди. Тоа што цело време викаат AJMO ZIZICI AJMO NOVA GODINA AJMO ZA SLAVENJE ZA DECA DA SE RADUVAAT ZIZICI ZIZICI AJMO AJMOO, а во моментот кога ќе им се доближиш ти викаат DE4KO PETARDI PETARDI DA NE TREBA PIRATKI IMAM EVTINI DA NE TREBA??? е само маркетинг… тотално не продаваат петарди… неееее…