Пејтон Менинг – машина за пари

Можеби рагбито или американскиот фудбал не е доволно познат и поплуларен спорт кај нас, но веројатно многумина од Вас го знаат Пејтон Менинг, освојувач на титулата во НФЛ лигата и учесник на последниот Супербоул како член на Денвер Бронкос.
Рагбито е број еден спорт по гледаност во САД. Изминатите денови читавме колку чини една секунда реклама на супербоулот и дека имајќи ја предвид редовната гледаност од над 100 милиони колку вреди да се плати за таа реклама. А штом толку многу чинат рекламите што се емитуваат за време на овој спортски настан, секако дека и играчите се доста платени.
А Пејтон Менинг и те како знае да го наплати тоа што го работи и да ужива во сработеното:

01

30 милиони долари за минатата сезона, 15 како плата и дополнително уште толку од реклами.

02

Ништо чудно што може да си ја дозволи оваа куќа од 4,6 милиони долари сместена надвор од Денвер.

03

Кај нас нема место за оставање бакшиш кога плаќаме но во САД тоа е пракса и како што гледате некој имал среќа да добие 200 долари бакшиш од Менинг и да се пофали за тоа.