Погледнете го гостувањето на Никола Димитров во „Еден на Еден“

Во неделата во „Еден на Еден“ имавте прилика да го гледате одличното гостување на нашиот Министер за надворшни работи Никола Димитров.
За првпат Димитров пред македонската јавност зборуваше за својот приватен живот, но откри и многу анегдоти од неговите патувања и средбите со странските претставници.
Ексклузивно за гледачите на „Еден на Еден“, Димитров раскажа како во една прилика во 2001. год. бил сведок кога покојниот Претседател Борис Трајковски го избркал од својата канцеларија тогашниот висок претставник на Европската Унија, Хавиер Солана.
Исто така министерот за надворешни работи се пошегува на сметка на неговиот „двојник“ и претходник, Никола Попоски.
За сите што ја пропуштија оваа емисија, истата е веќе објавена на Јутјуб.
Уживајте: