Потребно е чудо. Да го направиме заедно!

Додека Скопје и околината се соочуваат со најголемиот предизвик од 1963-та наваму, солидарноста и несебичноста се клучните фактори кои можат да предизвикаат промена на подобро.

“Секоја помош е добредојдена” – вели чичко Петар од с.Стајковци, натажен, со поглед на неверување додека сè околу него сведочи за хоророт кој тој и семејството го преживеаја пред неколку дена.

4

Жан де ла Брујер бил француски филозоф од 17-иот век, запаметен меѓу другото по реченицата “Од тешкотиите, се раѓаат чудата”. А во време на најголеми тешкотии, чудата се најпотребни. Фирми, поединци, млади, стари, секој треба да се вклучи и да придонесе. Меѓу оние кои лично даваат пример за тоа што треба да се стори е градежната компанија Голден Арт.

2

3

Од таму донираа градежни материјали и намирници за семејствата од поплавените места во вредност од 1.000.000 денари. Но, главната помош доаѓа од нивната ангажирана механизација со која се расчистуваат поплавените подрачја околу Скопје.

5

Помош само колку да се помогне е прифатливо. Но, помош во токму оние точки каде истата е најпотребна е веќе нешто друго. Доколку повеќе компании го следат примерот на Голден Арт можеме да ја вратиме надежта кај чичко Петар и останатите. Доколку сите ние го следиме примерот, можеме да направиме чудо! Ајде…

6