Познати говорниците на вториот Feed Your Brain
Вториот настан од акцијата Feed Your Brain на маркетинг агенцијата Еден на Еден, а дел од платформата Мрдни со Прст, ќе се одржи на Универзитетот Југоисточна Европа во Тетово во вторник, 27 март со почеток од 12.00 часот.
Говорници на вториот настан се:
• Висар Вишка – актер
• Сашо Мацаноски Трендо – сопственик на www.Off.net и колумнист
• Вал Јусуфи – извршен директор на Леорон избрана, и за успешна жена менаџер за 2015 година
Модератор на сите натани е биде Жарко Димитриоски.
Feed Your Brain има за цел преку серија мотивациски говори на успешни, македонски личности од јавниот живот, бизнис секторот, здравството и уметноста, студентите да имаат можност директно да ги добијат одговорите на темите кои ги засегаат. Во текот на наредните три месеци ќе се одржат 5 настани на четирите универзитети: „Кирил и Методиј“- Скопје, „Универзитет на Југоисточна Европа“-Тетово, „Гоце Делчев“- Штип и „Климент Охридски“ – Битола.
Учеството на настаните е бесплатно, и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк.
Мрдни со прст е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.