Каде познатите ќе ја дочекаат Новата година?
Се доближува најлудата ноќ. Некои од вас ќе ја дочекаат со руска салата и кифлички. А некои од вас се политичари што можат да си дозволат секакви лудории.
Екипата на #1на1 направи истражување и ги доби следните одговори од познатите македонци на прашањетo “Кај за Нова?”
Мицкоски – Оваа Нова година сакам да се оддалечам од гужвите и прославите. Сакам да отидам некаде каде што нема никој и ќе можам да останам сам со своите мисли….затоа ќе останам во штабот на ВМРО
Заев – Па видете, овaа нова година ќе си останам дома. Па нема подобро место за пречекување на новата година од Република Мак…овај….Репбулика Илиниденска…овај…Република Север…овај…а бе Струмица…у Струмица ќе бидам…
Граѓаните на Македонија -Во стечај
Али Ахмети – Наречете ме старомоден, ама мислам дека нема ништо подобро од тоа Новата година да ја пречекаш опкружен со твои сонародници. Поради тоа оваа Нова година ќе одам во Швајцарија.
Нинџа – Во затвор
Спасе – Кај мајка ти
Груевски – На фејсбук. Ќе пишувам статуси.
Мелита – Оваа нова година ќе ја прославам заедно со моите две најблиски пријателки – Мелита втор профил и Мелита трет профил
Никола Димитров – Оваа Нова година сакам да ја дочекам во друштво на моите најблиски. Поради тоа ќе бидам во Американската амбасада.
Игор Џамбазов – Знаете дека ги почитувам премногу руралните места во државата. Си го сакам Слепче ама ги сакам и другите села во државава. Така да оваа нова година дефинитивно ќе ја поминам во неколку од нив. Оваа Нова година ќе ја помнам во села..
Зијадин Села – Игор Џамбазов чоече what the fuck??????
Љупче Златев – Оваа Нова година ќе ја поминам со сите луѓе што ме сакаат….значи ќе ја поминам сам..