10 причини зошто Македонија ќе освои ЕП!
- Пошто сме најјаки. Кои се подобри од нас? Германците? Ги тепавме. Англичаните? Им дадовме гол од корнер, што автоматски треба да се рачуна за победа. Шпанците? ..ок, овие не’ победија еднаш, ама не се истата екипа. Муабетот ни е… најјаки сме!
- Илија Несторовски ќе биде повреден и нема да игра на ЕП. Со ова не сакаме да кажеме дека тоа е добро за играчите пошто не го бива… туку сакаме да кажеме дека е авторитетен дечко што од публика 90 минути со навивање и коментари од типот на “Да, да, да, погледни ме добро во очи Ламоника” ќе создаде страв на судиите кои ќе мораат да судат во наша корист
- Пендаровски го замоли папата да навива за нас бидејќи Аргентина не игра на ЕП
- Пандев. Тоа е само по себе причина.
- Гласавме на референдум за победа на Европско Првен… ок, можеби не гласавме за ова, ама никој не ни знае за што стварно се гласаше.
- Не сте го слушнале ова од нас, ама Никола Груевски наводно фатил врски во УЕФА за финалето да биде Унгарија-Македонија
- Спомнавме дека сме најјаки? Спомнавме дека го имаме Пандев? Спомнавме, така?
- Игор Ангеловски. Тактичар каков што Македонија не видела уште од времето на… на времето на…. најверојатно и никогаш.
- Џани Алиоски т.е. “energizer bunny”. Со неговата енергија ќе ги исплаши сите противнички играчи
- А зошто да не бе? ЗОШТО ДА НЕ?