Пристигна скејтот на Мајкл Џи Фокс (видео)
Она што го гледавме уште во 1985 година во филмот „Назад во иднината“, летечкиот скејт што го возеше Мајкл Џи Фокс сега стана реалност.
Професионалниот скејтер Тони Хок имаше можност да го тестира летечкиот скејтборд направен од компанијата „Hendo Hover“ од Калифорнија.
Технологијата што овозможува лебдење се вика архитектура на магнетното поле и вклучува електромагнети што создаваат одбивно поле од површини што не содржат голема количина на железо.