Работи што не треба да ги правите за Нова година
Екипата на #1на1 направи листа на најбитните работи кои не треба да ги правите оваа Нова година!
Одделуваме дел од нив:
-Не треба да се пуштате на женски велејќи им “Не сум Дедо Мраз ама ќе ти дадам да ми седнеш во скут”
-Ако децата имаат двоцифрен број на години не треба да ги лажете дека постои Дедо Мраз кој што магично ќе им ги исполни сите желби……….тој човек се вика лидер на партија…
-Не треба да го лажете детето дека Господин Господин Стефан е злобниот брат на Дедо Мраз бидејќи е голем, има седа брада и се облекува така мрачно во споредба со Дедо Мраз
-Не треба една минута после полноќ да им се јавуваш на луѓе и да им кажуваш “ЕЕЕЈ КАЈ СИ БЕ, ОД ЛАНИ СЕ НЕМАМЕ ВИДЕНО!”
-Не треба да се пуштате со “Женска, не сум петарда, а и ти не си упаљач, ама богами ме запали”
-Ако сте сопственик на телевизија дефинитивно не треба за нова година да пуштате филмови од 1935 и да викате дека е ова најнова премиера!
-Не треба да ја правите глупана фора “Леле колку руски салати изедов за празников, срамота ми е Путин во фаца да го погледнам”