Се отвараат најскапите олимписки игри во историјата!

Денеска се отвараат најскапите игри во историјата на човештвото. Без разлика дали се зимски или летни. Русите и Путин по се изгледа сакаа да покажат дека Русија е дигната од пепелта во која беше кога се распаѓаше СССР и тоа да му стане јасно на секој човек на планетава.
Фрапантни 34 милијарди долари беа потрошени за овој грандиозен настан, кој попладнево ќе започне во Сочи. Тоа е еднакво на сето она што ние како земја би го произвеле во наредните 3,5 години. Игрите во Пекинг во 2008 година беа претходно најскапи со потрошени 24 милијарди долари. Како што гледате Сочи ги надмина за 10 милијарди.
Меѓу другото толку пари мораа да бидат потрошени дека огромен дел од објектите Сочи мораше да ги изгради од нула.
Неколку часа пред отварањето на игрите погледнете ја работата која Русите ја направија во Сочи:

02

Ова се објектите кои се направени во крајбрежниот дел. Инаку Сочи е едно од најпознатите летни летувалишта. Во Сочи температурата пред некој ден одеше и до десет степени. Другиот дел од борилиштата се на планината која е дел од Кавкаскиот венец

03

Центарот за биатлон сликан од надвор.

04

Поглед на скокалницата од доле

05

Направена на место каде што нема ништо одоколу

06

Во долниот дел не е ладно, но како што гледате на планините е друга приказна

07

Ова што го гледате е изградено од нула, специјално за олимпијадата

08

Ете го и олимпиското село