Се вратија „Фчерашни новости“ – погледнете ја првата епизода
Мартин Најтинајн, Кузман Статива, Слободанка Лешник се само дел од многуте нови ликови со кои ќе се дружиме во втората сезона на „Фчерашни новости“. Тие свое деби имаа во првата епизода на хумористичната серија, која премиерно беше прикажана оваа недела на телевизија „Телма“.
Епизодата веќе е достапна на официјалниот „Јутјуб“ канал на „Фчерашни новости“. Во неа покрај новите ликови, како гости имавме и двајца лидери на големи политички партии, а се разбира, тука се и специјалниот дописник од Афстралија, Тошо Малерот, нашиот спортски експерт како и метео-вестите.
Екипата на Бранко Огњановски и оваа сезона будно ќе ги прати политичките, актуелни и секојдневни случувања низ земјава. Материјал имаме и на претек.
Втората епизода веќе се крчка, а дотогаш потсетете се на скечевите од првата сезона на официјалните канали на емисијатата на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и на „Јутјуб“.
Како пародија на секојдневните вести, „Фчерашни новости“ преку хумор и сатира ја прикажува ситуацијата во нашата земја.
Премиерата на секоја епизода е во недела, 19:10 часот на „Телма“. Првата реприза е после 23 часот истиот ден, а репризно се прикажува и во понеделник после 16 часот, како и во сабота во 14 часот.