Што ќе добијат познатите од Дедо Мраз за 2020?
Со помош на странски служби дојдовме до листата на Дедо Мраз! Во оваа листа пишува што ќе добијат познатите македонци и останати граѓани на Република Нашата Земја! 😀
Зоран Заев – Учебник по право и книга “Устав for dummies”, за да научи некои работи
Христијан Мицкоски – Релевантност и едно “В” да си го стави во презимето (или кај сака, не му се мешаме, само сугестираме дека Мицковски звучи подобро од Вхристијан, на пример)
Стево Пендаровски – ДВД “Најдобрите говори на Ѓорге Иванов Vol. 2” бидејќи очигледно ги магистрирал оние од “Vol. 1”
Радмила Шеќеринска – Изрежано ЦД со помош на “Nero Rome Burner” (бидејќи Дедо Мраз уште со технологијата е во претхондата декада) на кое што ќе има компилација од “Fun with flags with Sheldon Cooper”
Никола Груевски – Речник на унгарски зборови “Од Гулаш до Megszentségteleníthetetlenségeskedéseitekért во само 100 чекори!”
Боки 13 – Уште една Гукки ташна
Ламбе Алабаковски – Ремикс од песната “Бело е се” што ќе може да ја користи како насловна нумера за “Фамилија Марковски”
Лозано – Уште еден летен хит. Исто како и претходните години. Се знае шемата. Насловот ќе биде во стил на “Сакам мандарина ова лето на плажа со тебе во поштенското сандаче” или нешто слично…
Ѓорѓе Иванов нема да добие ништо бидејќи го снема од планетата и се пресели заедно со Елвир Мекиќ, Ерзана, Александар Белов и останатите ликови што не сме сигурни дали навистина постоеле или се само масивна хаулцинација
Васко Ефтов – И оваа година нема да добие ништо бидејќи последен пат кога Дедо Мраз отиде кај него тој доби ептен прашања – линк
Миленко Неделковски – Ножици, брич и пена за бричење, за конечно да дознаеме дали Миленко без брада е Мирка? Размислете само, кога сте ги виделе заедно на исто место во исто време? Освен таа емисијата на Миленко кај што гостин му е Мирка. Или таа другата емисија кај што гостин му е Мирка. Или таа…сфаќате де…
Телма Телевизија – Шефот на оваа телевизија нема да го покани Дедо Мраз, поради тоа што е облечен во црвено, а тоа се вмровски бои
Сител ТВ – Апчиња за меморија, очигледно е дека подзаборавиле некои работи од последните десетина години
Али Ахмети – Оваа година Дедо Мраз побара од Али Ахмети некои работи кои што не сакаше да ни ги открие, но ни кажа дека се надева дека Али Ахмети ќе му ја исполни желбата.