Што предвидува вашиот хороскопски знак за референдумот?
Се доближува референдумот, а ти се уште не знаеш што да правиш? Не се грижи! Ние го имаме решението!
Нашата екипа побара помош од ѕвездите за да дојде до одговорот што ќе прават граѓаните на овој референдум. А прибидејќи музичките ѕвезди нe’ откачија, а филмски ѕвезди скоро и да немаме, решивме да се посоветуваме со хороскопот.
Еве ги резултатите:
Овен – Вие сте тврдоглава личност. Ќе го направите обратното од мнозинството!
Бик – Ќе гласате ЗА. Штом го видовте црвеното знакче на ВМРО се разлутивте и решивте да одите контра нив!
Близнаци – Ќе отидете на избори и ќе заокружите ЗА и ПРОТИВ. Најдобрите работи одат во пар.
Рак – Вие сте рак. Се наоѓате во близина на морето. Уште сте на одмор пошто сте богати и гајле ви е и за ЕУ и за Македонија и за референдум.
Лав – В М Р О Д П М Н Е
Девица – Хахааахаахаха девица бе хахахахахахаа нема ни да пишеме тука ништо мислам лол девица бе хахахахахаа
Вага – Ќе гласаш ЗА. Или ќе бојкотираш. А да гласаш ЗА? А да бојкотираш? А да….хмм….
Стрелец – Ти секогаш стрелаш во центарот! …да не си Васко Ефтов????
Јарец – Ќе испушташ некои звуци пробувајќи да се објасниш што мислиш ама никој нема да те слуша и ќе каже “Еј види го што смешна брадичка има бе”
Водолија – Знаеш дека ни ЕУ ни бојкотирање не е решението. Најдобро е некој да ја потопи државава.
Риби – Еј вие ли сте тие риби бе? Па секој петок еден другар се фали дека ве видел у еден клуб у градов и ептен сте биле јаки..
Скорпија – Немам поим драг читателе, нели гледаш ги измислувам глупостиве како што ги пишувам? Хороскопот нема да ти каже што ќе правиш на референдумот, твое право и твој избор е одлуката.