Сите ликови кои може да се најдат на забава за Нова година
Планирате да ја пречекате Новата година на некоја забава и ве интересира какви ликови ќе најдете таму?
Нашата екипа направи листа на сите ликови кои што може да се најдат на Новогодишни забави:
Пијаницата – Пијан е уште од 12 сабајле. Нема појма ни која година се пречекува, ни кој ден е, ни кој датум е, а најверојатно уште мисли и дека Груевски е премиер.
Инстаграмџиката – Цело време е на инстаграм. Постира милион “сторис” и ти дава апдејт од секој можен детал на нејзината новогодишна забава. Апсолутно на никого не му е гајле за тоа што го постира.
Згодната – Доаѓа по минич. Надвор е минус 5 степени ама на неа не и студи. Алкохолот ја топли. А фала богу алкохолот го добива од милионите луѓе кои ја опкружуват и ја частат пијачка во надеж дека ќе ја ќарат
Коцкарот – Сите се журкаат и пеат песни. Тој седи на телефон и прати резултати НБА. Го чека Антетокумпо на плус поени.
Интровертот – Седи во ќош и ќути. Не знае што да прави. Дел е од забавата само поради тоа што другар му екстроверт го има донесено тука.
Екстровертот – Скока од човек на човек и прави муабет со сите небаре е водител на новогодишна емисија на МТВ. Ги прашува како е, што планови имаат за новата и што ли уште не. Сите негови соговорници посакуваат побрзо да се тргне од нив.
Заебантот – Оди од човек на човек и им вика “Шц, сакаш петарди?”, една минута после 12 вади мобилен и на сите им пишува “Eеееј пеер еден, кај си бе ти… ОД ЛАНИ СЕ НЕАМЕ ВИДЕНО хаахаха”
Швалерот – Сам се нарекува “швалер” и покрај тоа што нема ќарено девојка од минатата декада. Оди на вакви забави во надеж дека ќе начека некоја пијана и со ниски стандарди. Оди од девојка до девојка и на крај си завршува сам дома.
Политичарот – Се зезаме. Нема да го најдете на ниту една забава. Отиден е во Швајцарија на скијање. Со државни пари. На интервјуа ќе одговори “Ете…приватно…во домашна атмосфера…” на прашањето “Кај за Нова?”