Славење Нова година порано и сега

Порано се беше едноставно. Сега се е испомешано.

Еве како изгледаше прославата на Новата година порано и сeга 😀

20 часот:
Порано – Гледаш телевизија. Био Ритам, Сузана Спасовска, Благица Павловска и останатите пеат и се радуваат за новата година иако емсиијата е снимана уште во март. Ти немаш појма кои се луѓево на телевизија ама битно си среќен! УШТЕ 4 СААТА Е НОВА ГОДИНА ВОЗБУДАТА МОЖЕ ДА СЕ ПРЕСЕЧЕ СО НОЖ!!!!

Сега – Скролаш на фејсбук. Ех, рано е за искачање.

21 часот:

Порано – Седиш збунето додека чичко ти, татко ти и дедо ти се расправаат дали подобро било во социјализмот или сега. Еден од нив почнува дебата за Бранко против Љубчо. Се расправаат у следниот саат време. Тоа не ти ја уништува возбудата. УШТЕ 3 СААТА НОВА ГОДИНА!!!! Доаѓа мајка ти и ти нуди кифлички и руска салата. Среќно земаш и се радуваш.

Сега – Скролаш на фејсбук. Доаѓа мајка ти и ти нуди кифлички и руска салата. Ја одбиваш. Таа ти вика АЛО МАГАРЕ ЕДНО КАЈ ТИ НУДАМ ТИ УШТЕ ОДБИВАШ 35 ГОДИНИ СИ НАФУКАЛ САМО НА ТЕЛЕФОНОТ СЕДИШ БЕ АЛООО

22 часот:

Порано – Пробуваш да го опуштиш дедо ти дати даде голтка од пивото да се напиеш. Ти дава. Пиеш. Се осеќаш гордо. Сега си дел од возрасните.

Сега – Татко ти нуди пиво. Не сакаш. Ќе се отруеш од пиење цела вечер не мора да пиеш и дома.

23 часот:
Порано – УШТЕ ЕДЕН СААТ НОВА ГОДИНА ЕЕЕЕЈ ВОЗБУДАААА

Сега – Скролаш на инстаграм додека одиш накај местото каде што ќе славиш нова година. Да не ја видеше елката на плоштад немаше ни да знаеш дека е “најлудата ноќ” за тебе ова е само уште еден ден за пијанчење

Полноќ:

Порано – Седиш пред телевизија заедно со твоите. Пее Цеца. Убаво ти е. ДОЈДЕ НОВАТА ГОДИНА!

Сега – Стоиш во дискотека. Пее Цеца. Некои работи се вечни.

1 час по полноќ

Порано – Ти се спие ама со последни очи пробуваш да гледаш телевизија. На телевизија го има Викенд на Мртовци.

Сега – Излегуваш од една дискотека и се движиш накај другата. По пат гледаш луѓе што се мртви пијани цел викенд. Викенд на мртви пијани.

Два часа по полноќ

Порано – Спиеш во надеж дека додека спиеш ќе ти дојде нежниот дедо со брадата и ќе ти даде нешто.

Сега – Поминуваш низ парк. Чуден тип со брада ти вика “Ej дечко….славиш нова година? Дојди да ти дадам нешто”

Три часа по полноќ

Порано – Спиеш и ти течат лиги низ устата додека спиеш.

Сега – Ти течат лиги низ устата. Не спиеш.

10 часот сабајле:

Порано – Се будиш. Разгледуваш околу тебе. Некој ти оставил поклон!!

Сега – Се будиш. Разгледуваш околу тебе. Си заспал на некое место каде што не знаеш како си стигнал. Некој ти го зел паричникот.