Специјалниот рецепт на Гораст Цветковски
Го бива ли за готвење Гораст Цветковски, ќе дознаеме во недела, на Канал 5 од 18.30.
Во емисијата што по првомајски обичај ја нарековме Еден на Еден – Скараџиска, актерот на Жаре и на гледачите ќе им ја открие тајната за својот најдобар рецепт- пржени јајца ала Гораст.
За да не остане екипата само на ручекот од Гораст, Жаре ќе ги почести со скара, а Гораст ќе раскаже како му поминуваат карантинските денови откако не игра во претставите во МНТ.
Во недела имаме уште еден специјален гостин, Бубо Каров кој ќе открие на кој начин се бори со вирусот.