СТАВАМЕ КРАЈ НА ОВАА СЕЗОНА – ПОРАКА ОД ЖАРЕ

Објавено на нашата фејсбук страна, вечерта на 9 мај.

За вечерва во 23 часот е најавена епизодата со Кире Лазаров (тоа е политика на Алфа ТВ, доколку истата одлучи така, ова ќе биде променето).

Истата ја снимавме на 30ти април, кога ситуацијата беше крајно поинаква од оваа во која невозможно е да се снима емисија како нашата. Токму затоа, решивме после оваа епизода да емитуваме само уште една “best of” епизода од целата сезона, на 16ти мај, со што ќе се заокружат 25те ‪#‎1на1‬ епизоди на кои сме обврзани со Алфа ТВ. Сметаме дека нема никаква поента да продолжуваме повеќе од тоа и дека треба да ја почнеме летната пауза од шоуто.

Како екипа сме и тоа како загрижени за новонастанатите околности и сите кои може да следуваат. Не сакаме да работиме комедија и шеги во вакво време. Токму затоа, професионално ќе го доработиме договорот и ќе ставиме крај на оваа шеста сезона.

Посакуваме целиот овој идиотски период побрзо да заврши за да можеме што побрзо повторно да ве забавуваме со веб ексклузиви, нови видеа и сл. Дотогаш, ви пожелуваме мирна глава и обединетост!
Длабоко сочувствуваме со страшната загуба на семејствата на загинатите. Размислувајте трезвено и вклучете го разумот. Да му ставиме крај на овој проклет период еднаш засекогаш!

Мразам кога ја користам странава за вакви лични пораки. Држете се луѓе.

Жаре

*** Поради скорешните настани, со Алфа ТВ решивме епизодата со Кире Лазаров да се емитува друг ден. Шоуто ќе биде во мирување неодредено време.