Стивен Хокинг сака да биде негативец во Џејмс Бонд
Еден од најпознатите научници и физичари Стивен Хокинг во интервјуто за „Wired“ изјави дека сака да се појави во филм за Џејмс Бонд и тоа во улога на негативец.
– Идеална улога за мене би била негативец во филм за Џејмс Бонд. Мислам дека количката и компјутеризираниот глас би одговарале на улогата – вели Хокинг.
Животот на Хокинг кој се наоѓа на насловната страна од јануарскиот број на магазинот Wired е претставен во филмот „The Theory of Everything“. Улогата на Хокинг во филмот ја толкува Еди Редмејн за кој велат дека ќе добие номинација за Оскар за изведбата.