Топ 5 најгледани јутјуб епизоди од седмата сезона
Неколку месеци после крајот на седмата сезона време е да ги погледнеме Youtube статистиките за изминатата година и да видиме какви гости сакаат да гледаат нашите интернет фанови. Статистикатa го вели следново:
5. Игор Џамбазов
Игор си е “one man show”. Можеш сто пати да го викнеш во емисија а тој секогаш ќе има нешто ново за раскажување. Така беше и неговото последно гостување кај нас кое што се најде на петтото место на најгледани епизоди од седмата сезона.
4. Саша Ковачевиќ
Со оглед на тоа што неговите музички спотови стигаат и до милион прегледи не треба да ве изненади фактот што балканскиот шармер се наоѓа на оваа листа. Сигурни сме дека постојат девојки (и момци) што оваа епизода ја гледале повеќе од еднаш 😀
3. Mиле Паника, Зоран, Климе, Џони…
Најоткачената #1на1 епизода на сите времиња се наоѓа на третото место. Во оваа епизода гостин требаше да ни биде Бранко Огњановски ама освен него ние во пакет ги видовме и Миле Паника, Зоран, Климе, Џони..
2. Марјана Станојковска
Со оглед на тоа што Марјана во оваа епизода игра качена на маса не сме изненадени за тоа што ова е една од најгледаните епизоди на нашиот јутјуб канал. Единствено сме изненадени што не е уште погледанa 😀
1. Мартија и Антонија
Иднината е сега! Епизодата со најмногу јутјуб прегледи од седмата сезона е гостувањето на нашите идни музички ѕвезди – Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска. Екипата на #1на1 ќе продолжи да ги поддржува Мартија и Антонија и се надеваме дека во иднина ќе ни гостуваат за да се пофалат за уште поголеми успеси.