ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ СО ЕВРОПСКИ ШМЕК ВО СКОПЈЕ!
Првиот вистински блуз и џез ресторан, Бистро Скопје нуди врвно искуство овој викенд! Во организација на Чув де чув и новиот ресторан во центарот на Скопје, ќе се случат два врвни концерти на “Trio Gentlemen”, оперските пејачи кои им даваат нов, уникатен дух на светските хитови и веќе им парираат на постоечките состави како што се ,,IL DIVO”, ,,IL VOLO“ и други.
Уникатно за овие концерти е тоа што во нив ќе може да уживате заедно со прекрасните гурмански специјалитети подготвени од Жика и Рубин, двајцата готвачи кои од неодамна го одбраа Бистро Скопје како последна нивна дестинација по повеќе врвни ресторани во нивната кариера.
Концертите ќе се одржат овој петок и сабота од 21 часот до 00.30 часот. За присуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места во Чув де чув на 078 52 05 52 или на chuvdechuv@gmail.com.
Бистро Скопје е ресторан кој се отвори на местото на пекарата Мекиците од Стража во центарот на Скопје и е последен од низата проекти на компанијата Мекиците од Стража, со цел да се подобри угостителското искуство во Македонија и истото да се крене на повисоко ниво.