Вил Ферел со нови 763 шеги!
Можеби го сакате, можеби го мразите но Вил Ферел навистина знае да ги промовира филмовите во кои глуми. Имајќи во предвид дека на добар дел од нив е и продуцент, станува јасно зошто толку се труди околу нивната промоција.
Најнов супер потег на тимот на Ферел е одлуката да пуштат продолжена верзија на хитот Anchorman 2, на кој народски кажано му ја извадија маста во кино салите. Филмот чинеше 50, а заработи 150 милиони долари. Првиот дел од 2004 година, чинеше 30, а заработи 90 милиони долари.
Но, да се вратиме на продолжената верзија. Од тимот на филмот одлучиле дека ќе биде интересно доколку објават продолжена верзија од филмот, во која според нив има нови 763 шеги. Исто така интересно е дека се најавува дека во киносалите филмот ќе се прикажува само седум дена. Премиерата започнува утре, и ќе видиме како ќе поминат со оваа одлука.