Витаминка – 60 години на врвот
Изминатиот викенд бевме дел од организацијата на една многу важна прослава. Една од најсилните македонски компании, „Витаминка“, во склоп на нивната фабрика прославија 60 години постоење и успешна работа. Денес Витаминка претставува голем македонски бренд зад која стојат стотици успешни проекти и приказни.
За се да помине во најдобар ред се погрижи Жаре како водител на настанот, а присутните гости уживаа во музиката на Фолтин, Љубојна и оркестар Агушеви и Владо Јаневски за крај.
Им посакуваме да си дочекаат уште многу години на врвот!