Влатко Стефановски го предвиде коронавирусот во песна
Влатко Стефановски вели дека на некој начин ја предвидел состојбата со коронавирусот во една од своите песни.
„Пред 6-7 години снимив еден албум што се вика „Сеир“, и првата песна се вика „Суперхерои“. Ќе биде претенциозно ако ја ставам на Инстаграм и да кажувам колку сум бил видовит. Видовит можеби не сум бил, но сум бил доволно интуитивен да го предвидам ова. Рефренот вели: „Имате ли чаре, имате ли спас, зборуваат сите за судниот час“, му изјави гитарскиот мајстор на Жаре во првата Еден на Еден емисија наречена „Седи си дома“.
„Ова човештво е одамна забегано“, додаде Влатко. „Отуѓување од природа, лажна економија, сечење шуми, загадување води, групирање на богатство кај мала група луѓе. Што очекуваме? Ова е жолт картон. Дали е теорија за заговор, или е божја казна, како сакаш сфати го, ова е жолт картон. Човештвото од ова треба да излезе попаметно. Време е да се чукнеме по глава“, рече Влатко во Еден на Еден и додаде дека сега, откако сите концерти му се откажани, ова е време и музичарите и сите ние да се запраше што правиме и дали добро правиме. Влатко отсвире и едно гитарско соло кое му направи голем мерак на Жаре.
Целата Еден на Еден „Седи си дома“ е на следниот линк: