Започнаа подготовките за Weekend Media Festival 2017!
Започнаа подготовките за десеттото јубилејно издание на Weekend Media Festival. Најголемиот комуникациски фестивал во југоисточна Европа оваа година ќе се одржи од 21.09 до 24.09 во просториите на старата фабрика за цигари во Ровињ, под генерално покровителство на Адрис групацијата.
Фестивалот досега го имаат посетено повеќе од 50.000 учесници: 1000 говорници, 35.000 професионалци од областа на медиумите, маркетингот и односите со јавност, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Во овие десет години, токму овој фестивал прв ги најави топ трендовите од типот на мобилно рекламирање, native рекламирање, дигитализација, programmatic и blockchain технологија.
“Десеттата годишнина значи дека сме направиле добра работа, но воедно ни претставува и голем предизвик. Ова јубилејно издание очекуваме да ни биде пресвртница и затоа спремаме нешто навистина специјално со навистина големи стандарди. Нешто што посетителите ќе можат да го забележат и по неговиот изглед и по неговата содржина.” кажа Томо Рицов, директорот на Weekend Media Festival.
Во текот на последните десет години овој фестивал се позиционираше како главно место каде што се презентираат комуникациските трендови, технолошката иновација и револуционерните технологии како и клучните buzzwords кои што се креирани и презентирани од многу експерти и реномирани професори од светот на бизнисот. “Во последните десет години сменивме многу, а Weekend стануваше се поголем и подобар. Започна како медиумски-маркетиншки фестивал, а сега е фестивал за бизнисот, технологијата, и креативноста која ги вклучува медиумите и маркетингот. За десеттата годишнина планираме поголема и позначајна програма, а ние сме сигурни дека сите посетители ќе бидат воодушевени” ветува Никола Врдољак, директор на програмата на Weekend Media Festival.
Фестивалот во овие десет години стана синоним за опуштено место каде што се собираат голем број на комуникациски и маркетишки стручни лица, а исто така е и одлично место за сите кои што сакаат да ги добијат нови работни познанства, сакаат да чујат за релевантните трендови во бизнисот и сите кои што сакаат одлично да се забавуваат. “Од првиот ден до денес постои доследност на овој проект, а тоа е дека останува на концептот за креативно размислување. Ова е проект кој што ги развеселува сите, од учесниците до спикерите и панелистите па сè до народот и луѓето кои доаѓаат од Ровињ. Верувам дека ова е препознатлива адреса и одлично финале на настаните кои ги имаме преку годините, но сепак се обидуваме да го издвоиме фактот дека комуникациската индустрија го добива тоа што го сака – место за учење, размена на бизнис искуства и склопување на договори, додека во исто време се релаксирате и уживате во проектите, особено во вечерната програма која што е најкреативниот дел од овој фестивал.” кажа Предраг Грубиќ директор за корпоративната комуникација на Адрис групацијата.
Weekend Media Festival не е резервиран само за предавања и дискусии, туку е и место за најпознатите забави и networking кои оваа година ќе го подигнат на ново ниво. За опуштената атмосфера на фестивалот ќе придонесе и добро осмислената музичка програма која отсекогаш била една од најсилните страни на фестивалот. Освен ова фестивалот ветува дека нема да недостасуваат и изненадувања. 🙂