WhatsApp најбезбедна апликација за допишување

Андроид апликацијата WhatsApp додаде „end-to-end” енкрипција на податоци со која пораките не можат да бидат прочитани, односно дешифрирани ни од страна на самиот WhatsApp, ниту од трети лица.

Според податоците кои ги објави Android Central, WhatsApp сега е најсигурната платформа за размена на пораки на Android платформата.

Покрај тоа ако досега една цртичка до упатената порака индексира дека таа е испратена, а две црти – дека е добиена, но не и дека била прочитана, сега WhatsApp воведува трето ниво на известувања, со што корисниците ќе знаат кога нивните пораки биле видени, а тоа ќе укажуваат повторно двете црти кои сепак треба да бидат сини, а не сиви.

Така да нема повеќе криење од вашата девојка или момче, со тоа не ја видов.

wa