Започна NEM, екипата на „Еден на Еден“ во Дубровник
Започна петтата по ред конференција New Europe Market во прекрасниот хотел „Палас“ во Дубровник, а екипата на „Еден на Еден“ е единствената маркетинг агенција од Македонија која е учесник.
NEM во фокусот ги става промените што се случуваат во телевизиската индустрија, носејќи уникатно искуство за професионалците од целиот свет, кои на NEM можат да слушнат за новитетите и да се запознаат со најважните трендови од индустријата. Четиридневниот настан се состои од панел-дискусии, студии на случај, сесии за прашања и одговори, посебни презентации, скрининзи, маркет и можност за градење мрежа од контакти.
Целиот NEM е во предзнак на размена на идеи, учење нови работи, разговори со професионалци, наоѓање инспирација и стратегија за уште поголем успех. Ќе зборуваат одлични говорници како Мајк Моријарти од „AMC Networks International“, Пит Смит од „Antenna International“, Бартош Витак од„Viacom International“, Салим Мукадам од „BBC“и уште многу други влијателни експерти.