Жаре и Климе против климатските промени!
Чест ни е што сме дел од проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски прoмени. Во рамки на истиот, Милиеуконтакт Македонија организира Младински летен камп посветен на климатските промени, кој ќе се одржи во Извидничкиот камп “Крсте Јон” во Струга од 21-27 август 2015.
Учесници на кампот ќе бидат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години, од десетте општини каде се спроведува овој проект: Теарце, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Боговиње, Виница, Студеничани, Маврово -Ростуша, Прилеп и Делчево.
Кампот е дел од кампањата за подигање на свеста кај граѓаните за климатските промени, за последиците кои ги носат тие со себе и како подобро да се подготват и да се заштитат себеси.
Наскоро, започнуваме и караван кој ќе ги посети истите општини каде Жаре, Климе и дружината ќе помогнат заедно да се едуцираме во врска со климатските промени…