Жаре стана Амбасадор за борба против гладот
Банката за храна на Македонија му додели Уверение на Жарко Димитриоски, со кое го прогласува за Амбасадор во борбата против гладот.
- Маркетинг агенцијата „Еден на Еден“ ќе даде сè од себе да ја помогне Банката за Храна, која секојдневно разнесува оброци до најранливите категории во државава – изјави Димитриоски.
Банката за храна постои од 2011 година. Главната дејност на оваа организација се состои во собирање на земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи, нивно складирање, сортирање и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозените категории наши сограѓани, со посредство на хуманитарните организации, социјалните установи и институции кои исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладта.
Доколку имате познаник со ресторан, фирма од прехранбена индустрија, продавница или маркет кој би сакал да помогне без никакви трошоци за него, контактирајте ја Банката за храна на bankazahranamk@gmail.com.