Зошто 20.000 е повеќе од 40.000?
Доколку некој ви понуди плата од 20.000 долари, а некој друг работодавец плата од 40.000 долари, која би ја прифатиле?
Веројатно онаа од 40.000. Но што ако на тоа место сите земаат два пати поголема плата од вас и што ако на местото каде што платата е 20.000 сите земаат плата два пати помала од вашата. Многуте истражувања покажуваат дека луѓето ќе бидат многу посреќни во средина каде што ќе се чувствуваат поуспешно. И покрај тоа што апсолутно 40.000 е поголема бројка, релативно 20.000 вреди повеќе.
Примерот секако има доста мани, но неговата цел е да покаже колку е големо социјалното наместо класичното финансиско вреднување. Или, како што тоа одамна го кажале, подобро прв во село отколку последен во град.