Зошто не сакаме да гледаме репризи на спортски натпревари?

Веднаш да одговориме….Затоа што сме создадени да имаме контрола на работите. Но, каква врска тоа има со гледање на реприза на спортски натпревар?

Да претпоставиме дека денеска играат вашиот омилен фудбалски клуб. Натпреварот не може да го гледате во живо, резултатот за вас е непознат и утредента имате можност да гледате снимка. Колку од вас ќе решат да го гледаат натпреварот?
На прва делува дека нема никаква причина да не гледате, игра вашиот омилен клуб, резултатот е непознат и нема причина да не уживате во снимката. Но, истражувањата покажуваат дека голем дел од луѓето ќе речат дека не сакаат да ја гледаат снимката, без притоа да знаат да објаснат рационално зошто тоа е така.

Луѓето сакаат да имаат контрола над работите до тој степен што веруваат дека може да контролираат работи што не се контролираат. Токму поради тоа е поголемо уживањето кога гледате натпревар во живо, отколку кога се гледа снимка од истиот. Потсвесно веруваме дека на некој начин може да придонесеме нашиот тим да победи и дека имаме влијание кога на таков начин го следиме мечот.

Ова е докажано и во уште неколку интересни истражувања кои покажале на пример дека во игра на среќа (каде знаењето нема никаков ефект) повеќе би играле против противник кој сметате дека на некој начин е послаб од вас и кој би можеле да го контролирате, затоа што на некој начин мислиме дека тоа што противникот делува послаб од нас ќе ни помогне во сосема случајното влечење на карти да речеме.
Второто истражување покажало дека на игри со коцки луѓето повеќе сакаат да се обложуваат повеќе пред да биде коцката фрлена, а не додека се вртат, затоа што сметаат дека ќе имаат контрола доколку се обложат претходно.
Родени сме да се обидуваме да го контролираме работите, но за наша жал голем дел од работите не можеме да ги контролираме, сепак кога да ни се укаже можност да си го залажеме мозокот дека нешто контролираме се чини дека без дилема ја прифаќаме таа игра.

Д.М.